![pozarr](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/pozarr.jpg?resize=696%2C372&ssl=1)
Тројца пациенти загинаа во пожар во австриска болница, пренесе ДПА.
Според локалните власти, пламенот избувнал синоќа во соба на третиот кат од болницата Ландесклиникум- Модлинг во близина на Виена.
Дваесет лица се полесно повредени, а околу 90 пациенти морале да бидат префрлени.
Федералните и провинциските оддели за криминалистичка полиција почнаа да ги истражуваат причините за пожарот.
Две од жртвите биле на возраст од 78 и 81 година. Засега нема информации за третиот смртен случај.