Три лица загинале последните 24 часа по претрпените тешки повреди на традиционалната годишна трка со бикови во шпанскиот регион Валенсија, објавија во средата локалните власти.
Тројцата мажи претрпеле тешки повреди на трките со биковите кои се одржуваа во рамките на летните верски фестивали. Иако биле повредени во различни денови, но починале денеска. во интервал од неколку часа.
Гратчето Пикасент прогласи ден на жалоста поради загинување на својот жител, кој во трката со биковите се здобил со тешки повреди на главата. Починал по повеќе од една седмица на одделот за интензивна нега.
Во текот на осумдневниот Фестивал на свети Фермино во Памплона, кој важи за најпопуларниот во светот вакво празнување, оваа година осум лица беа прободени, но жителите и туристите од целиот свет беа одушевени од враќањето на манифестацијата којашто поради пандемијата од Covid-19 не беше одржана минатите две години. Севкупно досега се повредени 478 лица.
Некои од биковите по завршувањата на трките се вклучени во одржувањето на борбите со бикови, и притоа некои од нив се убивани. Здружението за заштита на животните PACMA побара забрана на оваа „свирепа и опасна“ традиција.