Три жртви заради поплави во Романија и Бугарија

Тројца загинале, а повеќе стотици биле принудени да се евакуираат заради поплавите кои зафатија повеќе села во Бугарија и Романија.

Во Бугарија бил погоден градот Габрово во централниот дел на земјата. Едно лице е исчезнато, а настрадала една 61-годипна жена.

Во Романија поплавени се повеќе локации во земјата, настрадале две лица, од кои еден 72-годишен маж, соопштил министерот за внатрепни работи Габриел Опера.

Романските железници соопштиле дека заради поплавите еден воз излетал од шините.

Сеуште нема податоци за евентуални жртви и повредени во несреќите. Без електрична енергија во Бугарија останале 17 села и делови од Габрово, а нарушено е и снабдувањето со вода. Уништени се некои мостови и птаишта, а некои се блокирани.

На југозападот на Романија, во околината на градот Новачи, од три села се евакирани 500 луѓе, додека 75 куќи се отсечени од светот бидејќи реката Дјилорт достигнала ниво од три метри и ги пробила насипите.

Загрозеното подрачје го посетил романскиот премиер Виктор Понта.

Романија оваа година го имала најдождливото лето во изминативе повеќе години, додека преобилните дождови предизвикале неколку буици во Источна Бугарија.

1381051-bugarska-poplave02-ap-foto-ap