Трибина „80 години од кодификацијата на македонскиот јазик“

Јазикот е главниот извор на идентитетот, па оттаму се и насочени бугарските напади кон него, единствено како производ на политичка агенда што би го забавила интегративниот процес на земјава во ЕУ, порачаа универзитетскиот професор Људмил Спасов и директорката на институтот „Крсте Мисирков“ Елена Јовановска Грујовска на одбележувањето на 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик. Тие велат дека на провокациите треба да се стави крај, па и по иницијатива на ЕУ.

-Треба веќе да се стави крај на ваквите провокации и верувам дека нашите политичари на некоја од следните средби во ЕУ ќе го потенцираат ова прашање и дека конечно Европа ќе стави крај на едно бесмислено прашање што никогаш не се појавувало и што било неколку децении заборавено, Људмил Спасов – Универзитетски професор.

– Унијата треба да ги отвори очите и да ги покаже глупостите, бидејќи тоа не е прв пат во Европа многу често сме сведоци,- Д-р Елена Николовкса Грујовска – директорка на Институт за македонски јазик.

Во песните, во легендите, гатанките, обредите и литургиите, македонскиот милениумски фолкрор почива врз јазикот, па оттаму и ги демантира таквите тврдења, вели фолклористот Стефче Стојковски. Според него, не може да се оспорува нешто што не посоти, а јазикот е факт, кој ако излезете не можете да не го увидите или слушнете.

Не само од Марко Цепенков, туку и порано, македонскиот јазик на овие простори егзистирал, ни потврдуваат многу артефакти за такво нешто, еве во моментов се присетувам на печатот од Говрлево каде е напишано, „Само со Бог сум“, тоа говори дека на овие простори од постоењето на човештвото датира и македонскиот јазик.

Сепак, се отвора и прашањето колку дома се почитува јазикот. Кај младите веќе преовладуваат странските термини, па научната фела апелира за подобра нега на истиот. Тие воедно очекуваат и што побрза имплементација на законот за Македонски јазик кој треба да отвори и повеќе работни места, па оттаму да привлече и повеќе студенти на катедрата за Македонски јазик бидејќи бројките на запишани студенти од година во година е се помал.