Трибина на тема „Мерки за заштита од заболување од заразна жолтица”

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Гази Баба вчеравечер организираше тематска трибина на тема „Мерки за заштита од заболување од заразна жолтица”.

На трибината говореше Доктор Голубинка Бошевска од Институт за јавно здравје која во обраќањето пред присутните ги презентираше сите заштитни мерки кои се превземени од Министерството за здравство за превенција од заразната жолтица и ги презентираше заштитните мерки кои треба да ги превземат граѓаните со цел да се заштитат себе и своите фамилии од можноста за заразување од заразна жолтица.

На трибината присуствуваа голем број на членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, како и Претседателот на Унијата на жени од Општинскиот комитет Гази Баба Сузана Димитрова, Потпретседателките Милка Видовска, Жаклина Пешевска и Дијана Илиевска како и Генералниот секретар Снежана Милковска.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе продолжи да организира настани од ваков и сличен тип кои се однесуваат на едукација на граѓаните на Република Македонија со цел нивна лична заштита и заштита на нивните семејства од секаков вид на опасност.