Трибина „Учество на младите во донесувањето одлуки на локално ниво“ во Илинден

Во организација на Локалниот совет на млади на Општина Илинден, а во соработка со невладината организација Единствена Македонија, во Домот на култура „Илинден“ се одржа трибина во рамките на проектот „Учество на младите во донесувањето  одлуки на локално ниво во руралните средини“.

Овој проект е одобрен и финансиран во рамките на Еразмус+програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мопбилност.

На трибината се дискутираше за досега спроведените проекти за младите, за начинот на учество на младите во донесувањето одлуки, како и за можностите за спроведување на идеите на младите во одлуките и политиките на општините.

На присутните им се обрати и градоначалникот Жика Стојановски, кој потенцирајќи дека Општина Илинден е една од првите општини која што донесе Стратегија за млади, посебно го истакна значењето на учеството на младите во донесувањето на одлуки на локално ниво. Тој ги повика младите активно да учествуваат во изработката на стратешките планови за развој на Општината, во буџетските форуми, како и на сите други трибини, форуми, средби, каде што со свои идеи и предлози ќе придонесат во реализацијата на проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеење во Општината, посебно на младите луѓе.

Sovet na mladi-tribina (2)

Истакнувајќи дека младите се двигател на општеството, а знаењето и информатичко комуникациските технологиите се импареатив, Стојановски посебно се осврна на континуираните инвестиции на општината во образованието.

Капиталните инвестиции во областа на образованието, се наша трајна определба во реализацијата на нашата визија Општина Илинден да биде економски силна и конкуретна општина. Инвестирањето во училишта во функција на подобрување на  квалитетот на животот и животниот стандард на жителите, е еден од приоритети на Општина Илинден, истакна Стојановски.