Тричковски со говор на омраза, ќе реагираат ли СДСМ, ЈО и ЗНМ: „Мицкоски заслужува да умре“

Идеологот на СДСМ, Бранко Тричковски, повтроно со говор на омраза на социјалните мрежи, за неговата, се чини, омилена тема – смрт на личности од опозициската партија. Иако Тричковски веќе доби кривична пријава за статус на Фејсбук „Смрт за Мицкоски“, тој повтроно со објава во која зборува за смрт на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Погреб
Што ќе се случи ако од Ковид 19 (или 20, сеедно), умре Христијан Мицковски?
Погреб!
Брејкинг њуз на Алфа и Телма.
Трогателно читање на телеграмите со сочувство од Заев, Груевски, Мане Јаковлевски, Митко Јанчев.
Ненадоместлива загуба.
Нека почива во мир.
Во рајскиот свет без вонредни конгреси и оставки.
На чист воздух.
Без мафија.
Македонија ќе влезе во Европската унија и ќе го оствари идеалот за кој тој го положи својот живот на олтарот на Татковината.
Со се Гоце, да нема недорабирања.
Христијан тоа го заслужува.
Вечна му слава
Хахаха!
Па, тоа не е малку, драги мои.
Воопшто не е малку!“, пишува Тричковски.