Македонскиот интернационалец, Иван Тричковски продолжува со извонредната голгетерска форма на стартот на сезоната за АЕК откако беше стрелец на голот за Кипраните во мечот против „Баер“ во Леверкузен во групната фаза од Лига Европа.
Аек поведе со 0:1 во 25 минута, откако Тричковски налета на една нафрлена топка, одлично ја исконтролира и биеше во мрежата на германскиот голман. Тимот од Ларнака имаше водство до пред финишот на натпреварот кога „Баер“ успеа да изедначи. Во продолжението Германите постигна уште три гола, а АЕК за конечни 4:2.
Ова е првиот гол на нашиот репрезентативец во групата фаза на Лига Европа.
Претходно тој беше најзаслужен што Кипраните се пласираа во оваа фаза на натпреварувањето. Тричковски во квалификациите имаше три асистенции против словачкиот Кипарскиот тим по ремито на гости во Словачка (1-1), вечерва го надигра Тренчин и со убедливи 3-0 славеше заслужена победа и понатамошен пласман во најмасовното клупско натпреварување на УЕФА. Стрелци на головите за АЕК беа Јани Апостолос (2) и Акоран, а целиот натпревар го одигра и поранешниот македонски репрезентативец Даниел Мојсов.
Покрај вечерашните три асистенции, Тричковски во квалификациите за Лига Европа запиша и шест гола и е најзаслужниот за големиот успех на кипарскиот прволигаш. Покрај Тричковски и Мојсов групна фаза на Лига Европа од македонските фудбалери ќе играат и Елиф Елмас (Фенербахче), Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон), Аријан Адеми (Динамо Загреб) и Бобан Николов (МОЛ Види).