Кати Вудс која денес има 64 години, била осудена за убиството на 19 – годишната Мишел Мичел која се води за исчезната од 1976-та година, јавува Еј-Би-Си.
Безживотното тело на стидентката Мишел Мичел било пронајдено во гаража во близина на медицинскиот факултет каде што студирала во 1976-тата година.
Кати Вудс во тоа време се лекувала во болницата за душевно заболени лица. Три години по убиството на девојката, Вудс го признала делото, откако претходно и била ветена подобра соба. Кати била веднаш осудена, а потоа почнала да вели дека не е виновна за убиството. Новото судење се одржало во 1985 година, но Кати повторно била прогласена за виновна.
– Не ги обвинувам властите во првата истрага, ниту обвинителството, ниту двете пороти кои што ја прогласија виновна Кати Вудс, изјавил обвинителот Крис Хикс и додава дека сеите тие биле соочени со тешко и трагично нерешено убиство, имале докази и признание на личноста која живеела на подрачјето каде се случило убиството.
Во септември 2014-тата Вудс била пуштена на слобода откако биле објавени резултатите од ДНК анализата од отпушок од цигара најден на местото на убиството која што покажала дека генетскиот материјал е на 66-годишниот затвореник Родни Халбоуер, кој на почетокот на минатата година бил преместен од затворот во Навада во Орегон, поради криминалните дејствија кои што ги направил во таа држава.
– Пресреќна е. Ова веројатно е најдобар ден во нејзиниот живот затоа што сега знае дека конечно е готово, изјавила адвокатката на Вудс.
фото: dailymail.co.uk