Се очекува дека во четвртокот бројот на случаи на зараза со новиот коронавирус во светот ќе ја достигнат бројката од 30 милиони луѓе, покажуваат податоците на агенцијата Reuters, а покрај тоа се предупредува дека нема никакви знаци дека пандемијата ќе го забави своето ширење.
Во фокусот на здравствените организации е Индија, којашто стана последниот епицентар на заразата, иако Северна и Јужна Америка заедно сѐ уште се регионот на планетата во кој се регистрирани речиси половината од случаите на коронаинфекцијата во светот.
Глобалниот дневен број на нови зарази последните денови достигна рекордни нивоа, и забележани се и близу милиони смртни исходи, додека истворемено се забрзува трката за развој и дистрибуција на вакцината против вирусот SARS-CoV-2.
Официјалниот потврдениот број случаи на зараза со коронавируот во светот во моментов е за повеќе од пет пати поголем отколку бројот на случаите на заболување од тежок грип кои се забележуваат на годишно ниво, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO). Истовремено, речиси милион смртни случаи како последица на Covid-19, е значително над бројот смртни исходи поврзани со класичниот грип, кој на годишно ниво се движи меѓу 290.000 и 650.000 случаи.
Индија во средата стана втората земја во светот, зад САД, која има повеќе од пет милиони случаи на зараза. Оваа земја во јужна Азија, втората според бројот на населението во светот, од средината на август бележи повеќе случаи отколку САД и самата бележе повеќе од 16 отсто од вкупниот број случаи во светот. САД имааат околу 20 отсто од случаите во светот, иако имаат само 4 отсто од глобалната популација. Бразил, третата најпогодена земја од пандемијата, има околу 15 отсто од глобалните случаи на коронавирусот.
Биле потребни 18 дена бројот на случаите на заразата во светот да порасне од 25 милиони на повеќе од 30 милиони. Претходно, беа потребни 20 дена за бројката да се зголеми од 20 на 25 милиони, и 19 дена за да порасне од 15 на 20 милиони случаи.
Глобалната стапка нови случаи, сепак, се забавува одразувајќи го напредокот кој го бележат многу земји во борбата со вирусот, и покра некои големи зголемувања на бројот на случаите. Здравствените експерти, пак, истакнуваат дека официјалните податоци речиси сигурни покажуваат помал број на случаи на инфекциите и смртните исходи отколку што тие вистински изнесуваат, особено во земјите со ограничени капацитети за тестирање.
Трката за развој на вакцина против коронавирусот и нејзиното ланисирање на пазарот последните седмици се заострува и во светот се најавени околу 200 кандидати. Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна изјави дека неговата земја би можела да има вакцина којашто ќе биде подготвена за дистрибуција пред претседателските избори на 3-ти ноември. Истовремено, кинеските здравствени власти седмицава најавија дека Кина би можела да ја има вакцината подготвена за јавна употреба најрано до ноември. Русија, којашто во август беше првата земја којашто регистрираше вакцина против коронавирусот, пред две седмици најави дека ризичните групи на населението ќе бидат вакцинираи во перидот ноември/декември.
Иако раширеноста на коронавирусот сѐ уште далеку заостанува зад пандемијата на шпанскиот грип во 1918 година, која заразила околу 500 милиони луѓе од кои најмалку 10 отсто починале, здравствените стручњаци се загрижени дека достапните податоци го потценуваат вистинското влијаени на сегашната пандемија на новиот тип коронавирус.