Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата.
По градови: Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 384 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
-Скопје – 195, Куманово – 62, Дебар – 47, Штип – 15, Прилеп – 21, Тетово -13, Струга – 9, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 2, Струмица- 1, Крива Паланка – 2 и Кочани – 1 лице,
Во изминатото деноноќие направени се 342 теста, од кои: преку ИЈЗ – 177, преку Ветеринарен факултет – 20, преку Авицена – 21, преку Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 100.
Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на Ковид-19.