![policija ilustracija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/09/policija-ilustracija-1.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Околу 30 ученици биле повредени во сообраќајна несреќа која се случила денеска, кога автобусот со кој се превезувале се судрил со друго возило на патот Демир Хисар – Крушево, соопшти полицијата.
Според информациите на МВР, утринава во околу 07.30 часот на патот Демир Хисар-Кичево, се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано од С.С.(56) од Крушево, и автобус исто така со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, управуван од З.С.(49) од селото Единаковци, Демир Хисар, а во кој се превезувале околу 30 ученици од демирхисарското основно училиште „Гоце Делчев“.
Во несреќата со тешко повреден бил возачот на комбето, а со телесни повреди добиле сите ученици.
На сите повредени им била укажана лекарска помош во Клинички центар во Битола.