Триесет луѓе загинаа а уште шеснаесет други се повредени во судир меѓу автобус и камион во неделата на автопат во централниот дел на Кенија, соопшти локалната полиција.
„Имаме триесет мртви. Сите тела се извлечени од остатоците, а повредените се пренесени во болница“, изјави полицискиот началник во Вале ду Рифт, Зеро Ароме.
Несреќата се случила на делот од автопатот меѓу Накура и Елдорето, кој е познат како опасен, кога автобусот кој тргнал од Бусија, на западот од Кенија, се судрил со камион кој патувал од Накура.
Полицискиот началник додал дека меѓу загинатите се и возачите на автобусот и на камионот, како и тригодишно дете. Повредените се превезени во болницата во Накура.
Околу 3.000 луѓе ги губат животите секоја година на патиштата во Кенија, според официјалните податоци. Таквата ситуација се должи на лошата патна инфраструктура во оваа африканска земја, како и поради масовното непочитување на прописите во сообраќајот.