Триесетина париски полицијаци осомничени за екстремизам

Водството на полициската префектура на француската престолнина Париз ќе прави проверка на речиси 30 свои припадници за кои се поднесени поплаки во врска со нивните екстремистички ставови, пренесува во понеделникот телевизијата BFMTV.

Овие предупредувања биле добиен од почетокот на октомври, по смртоносниот напад на службеник во седиштетот на париската полициска префектура врз своите колеги, поради што водството на полцииајта објави дека е неопходно веднаш да се пријавуваат знаците на радикализација во редовите на безбедносните служби.

Од 27 париски полицајци, за кои имало поплаки или пријави, тројца привремено се суспендирани од службата, а двајца биле принудени да го предадат личното вооружување во текот на истрагата.

На почетокот од октомври, три извора блиски на полицијата открија за агенцијата AFP дека француската полиција повторно отворила интерна истрага против висок полцииски функционер поради сомневања дека го фоворизирал исламот.

Програмерот во префектурата на полицијата на Париз, 45-годишниот доселеник од француската прекуморска територија Мартиик, Микаел Арпон, на 3-ти октомври со ноќ нападна свои колеги. Во нападот беа убеиени четворица полицајци, а напаѓачот беше застрелан од свој колега.

Обвинителот од француското антитерористичко обвинителство, Жан-Франсоа Рикар изјави дека Арпон, кој инаку ја минал безбедносната проверка, бил следбеник на радикалниот ислам. Во врска со овој напад десет дена подоцна полицијата уапси пет лица во париското предградие Вал д’Оаз поради поврзаност со Арпон.