Слави Трифонов, лидерот на движењето Има таков народ на својот фејсбук профил во понеделникот предложи САД да ги укинат визите за бугарските граѓани, а Бугарија во замена да го тргне ветото за Македонија за почеток на преговорите и придружување на Европската унија.
„Сега сме помалку Европејци од вистински Европејци. Значи, барам веднаш да нема визи за САД и веднаш да станеме членка на Шенген зоната“, напиша бугарскиот политичар, чија партија стана дел од владеачката коалиција.
Трифонов смета дека темата за Македонија е важна за сите Бугари, бидејќи, како што напиша, е дел од национална историја а над 200 илјади бугарски војници загинале за слободата и обединувањето земјата. Додава и дека околу сто илјади Македонци имаат бугарски пасош, за што е потребно да се докажат „бугарските корени“.
„Во вашите учебници по историја пишува дека Бугарите се фашисти. Значи, самите вие сте фашисти“, пишува Трифонов.
Потсетува дека на советодавниот состанок кај претседателот на државата, Румен Радев закажан за 10-ти јануари ќе се разговара за Македонија.