Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на седницата одржана на 7-ми април 2014-та година ги потврди ревидираните годишни извештаи за матичното друштво и Групацијата Триглав за 2013-та година. Групацијата Триглав минатата деловна година ја заклучи со чист деловен резултат во висина од 69,9 милиони евра, што е над планираната вредност дури за 27 проценти, а притоа постигна висока добивка на капиталот во висина од 12,0 посто.
Триглав Осигурување АД, Скопје и во 2013-та година ја задржа водечката позиција на македонскиот пазар на осигурување. Компанијата, која стана дел од Групацијата Триглав во 2007-ма година, минатата година ја подобри својата работа во основната дејност, осигурувањето. Уделот во бруто полисирана осигурителна и соосигурителна премија, којшто Триглав Осигурување АД, Скопје го има во заедничкиот портфељ на Групацијата Триглав, минатата година изнесуваше 2,0 посто.
Намалувањето на стопанските активности и на куповната моќ на населението минатата година влијаеше на намалување на интересот за продуктите за здравствено осигурување, што предизвика намалување на обемот на полисирана премија од здравствено осигурување за 4 посто, поточно, за Групацијата Триглав оваа премија изнесуваше 900,9 милиони евра. На состојбата на пазарот групацијата реагираше со воведување на нови и подобрување на постојните продукти, со прилагодување на пазарната и продажната политика, како и со начинот на комуникација.
Пресметаните бруто износи на штети во Групацијата Триглав беа за 2 проценти повисоки од минатата година и достигнаа 627,5 милиони евра. Деловниот резултат во сегментот на неживотни осигурувања зависеше од поединечни масовни штети, како последици на обилните снегови, лед, ветер, град и поплави, коишто во последните години сè почесто се појавуваат. Во подрачјето на животните осигурувања, на повисоките износи на штетите влијаеше зголемениот број на настани поради стареење на портфељот, како и поради зголемувањето на откупите и авансите, како резултат на економската криза.
„И покрај тешките услови во 2013-та година, Групацијата Триглав продолжи со остварување на својата стратегија, чијшто фокус се основната осигурителна дејност, профитабилноста и безбедноста на работењето. Нашите планови за 2014-та година се поставени на цврсти темели и во дадените услови се исклучително амбициозни. Нашите продажни активности во 2014-та година ќе бидат уште повеќе фокусирани на клиентите и кон развивањето и зголемувањето на ефективноста на внатрешната и надворешната продажна мрежа„ изјави Андреј Слапар, Претседател на управата на Заваровалница Триглав.