Тригодишно дете падна во реката Треска во текот на вчерашниот ден. Потрагата по него, не престанала и продолжува и во текот на денешниот ден.
Инаку, според првичните информации детето вчера околу 18 часот се лизнало играјќи си покрај реката кај Чичино село. Откако тригодишното дете падна во реката Треска, мајката го пријавила случајот во полиција.
Полициските спасувачки екипи пребаруваат долж течението на реката Треска од Чичино село кон село Грчец.