
Доколку не сте задоволни со вашата фигура и се прашувате што да облечете за вашето деколте да изгледа побујно, веројатно знаете дека добриот избор на облека може да направи чуда и целосно да ја преобликува силуетата.
Еве некои совети што стилистите ги предлагаат за дамите што би сакале градите да им изгледаат побујно:
- Носете фустани маици со карнери во пределот на градите, затоа што тие визуелно додаваат волумен на горниот дел на телото. Ист впечаток ќе создадат и посветлите маици и кошули во комбинација со темни пантолони или здолништа.
- Маиците со хоризонтални пруги во комбинација со еднобојно здолниште или пантолони веднаш ќе го „зголемат“ вашето деколте.
- Струкиранмата облека со покомотен горен дел исто така создава илузија на поголеми гради. Се препорачува и голем ремен околу половината, затоа што создава впечаток на побујно деколте.
- Пуш ап градниците се како создадени за мали гради, а најдобро изгледаат под маица, кошула или топ.
- Носете долги и тенки огрлици што ќе ги направат градите визуелно поголеми.