
Најмалку 13 деца починале од болест којашто не е идентификувана од локалните лекари во североисточната покраина Бадахшан, соопштија во четвртокот локалните власти.
Како што пренесе телевизијата TOLOnews, „најмалку 13 тинејџери починале во последните три дена од заболување, кое според симптомите наликува на пневмонија, во округот Јамган, во покраината Бадахшан“.
Авганистанските власти во Кабул досега сѐ уште не се огласија во врска со причината за појавата на болеста и причините за смртта на децата,