Тринаесет мигранти откриени близу Струмица

Десет мигранти се пронајдени во возило и уште тројц во непосредна близина. Откако полицијата дала сигнал на возилото да застане, возачот со зголемена брзина упатил по регионалниот пат кон Струмица, по што полициската потера траеле 45 минути.

Вo петокот вечерта околу 20 часот од страна на патрола од униформирани полициски службеници од Полицската станица за гранично преминување и граничен надзор „Богородица“ и униформирани полициски службеници од Република Хрватска на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на бензинската пумпа од правец кон селото Удово биле забележани две сомнителни патнички моторни возила „опел вектра“ со штипски регистарски ознаки и „форд мондео“ со гевгелиски регистарски ознаки.

Патролата им дала светлосен и звучен знак на возилата да застанат, но истите со зголемена брзина се упатиле по регионалниот пат кон Струмица. На раскрсницата кај селото Раборци го промениле правецот на движење по што се упатиле кон селото Попчево.

Во 20,45 часот на шумскиот пат во близина на браната во селото Водоча, возачот на „форд мондео“ излегол од возилото додека тоа било во движење и се качил во „опелот“, кој бил во близина, и со голема брзина се упатиле кон струмичкото село Водоча.

При претресот на возилото „форд мондео“ пронајдени се десет мигранти и уште тројца мигранти кои биле во непосредната околина. Тие се однесени во Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица за натамошна постапка.