Тринаесет жртви во поплавите во Бразил

Бројот на жртвите од поплавите на југот на Бразил порасна на 13 . Повеќе од 150 илјади луѓе од 150 градови и населени места во сојузната држава Парана се погодени од поплавите кои следеа по излевањето на реката Игуансу после обилните врнежи.

Реката се излеала и на југот од Парагвај и Аргентина.

Поплави за сега нема во Куритиба, главниот град на Парана, каде треба да се одиграат четири натпревари од Светското фудбалско првенство.