Тринаесет лица кои се здобиле со повреди откако паднале на снег се примени на Клиниката по хирушки болест „Св.Наум Охридски“ во Скопје од вчера па до 8 часот изутринава.
Повредите главно им се скршеници на подлактици, а едно лице е со фрактура на подколеница, информираат од Клиниката.