Џејмс Харден беше стрелец на 50 поени во победата на неговиот Хјустон над Лос Анџелес Лејкерс на првиот дуел одигран ноќта меѓу четврток и петок. Харден средбата ја заврши со „трипл-дабл“ додавајќи на поените и двоцифрен број скокови и асистенции – 10, односно 11.
Во поразената екипа се истакна Леброн Џејмс со 29 поени, пет скока и четири асистенции.
Резултати од НБА натпреварите одиграни ноќеска:
Хјустон – ЛА Лејкерс 126:111
Сан Антонио – ЛА Клиперс 125:87
Орландо – Чикаго 97:91
Феникс – Далас 99:89.
Во Западната конференција лидер е Денвер со биланс 18-9 (победи-порази), Голкден Стејт има 19-10 Оклахома 17-9, Лејкерс и Клиперс по 17-11,…
На Истокот прв е Торонто со 23-7, Милвоки има 18-9, Филаделфија 19-10, Индијана 18-10,…