Генералниот директорот на Тутунскиот комбинат на Прилеп, Кире Станкоски. земал месечно плата од повече од 2.000 евра, или вкупно 96.000 евра за четири години, сума којашто тутунарите нема да можат да ја заработат ниту за 30 години, критикуваше во средата Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ/
„Да, да над 2.000 евра плата во Македонија, и тоа додека тутунот се продава за смешна цена, тутунарите секоја година ја поминуваат истата мака, ниска откупна цена и слаб откуп на тутунот, додека едвај врзуваат крај со крај, да се прехранат, генералниот директор месечно зема плата од над 2.000 евра или 120.000 денари.
Или во просек Станкоски годишно заработува 24.000 евра, додека за 4 години директорување само по основ плата ќе заработи 96.000 евра.
Овие пари тутунарите за 30 години нема да можат да ги спечалат од продажба на тутун имајќи во предвид ва каква состојба го донесе министерот Николовски и премиерот Ковачевски земјоделскиот сектор и на каков просјачки стап се земјоделците.
Со СДС гледаме само богатење на високи владини функционери и лица блиски до нејзе и сето тоа на грбот на земјоделците.
Но, најжално е што ова не е само еден ваков пример, има многу за кои мора сериозно да се зборува. Не смееме да имаме елита на власт, а сиромашни земјоделци. Не смееме да дозволиме народот да трпи за леб, а владините луѓе и слепите послушници на власта да живеат во луксуз.
Устите им се полни со празни ветувања и лаги, затоа се потребни промени“, напиша Трипуновски во својата објава на социјалните мрежи.