3.8 C
Skopje
вторник, декември 17, 2024

Трипуновски: Езерата се доведени до раб на пресушување, некој мора да преземе одговорност (ВИДЕО)

Езерата се доведени до раб на пресушување. Зоран Заев заради краткорочен профит е на пат да го уништи целиот биосвет како во вештачките акумулации, така и во Преспанското и Охридското езеро. реагира Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Хидроакумулациите ширум државата се речеси десеткувани. Купишта риба е исфрлена по бреговите.

Траорна е сликата и со Преспанското езеро, кое се повеќе наликува на мучуриште, 1 година апелираме власта да интервенира, а на Заев сега му текна за наводна помош од 80 милиони денари. Не само 80 милиони денари сега заради вашата неспособност се потребни многу повеќе од тоа, но потребен е и план и систематски пристап.

Заев не доведе во ситуација од земја со високо ниво на хидро потенцијал да кубуриме со вода.

Повикувам на одговорност. Некој мора да преземе одговорност“ – порачува тој!