Министерството за земјоделство и Зоран Заев директно удираат по џебот на земјоделецот и го прават земјоделското производство не рентабилно. Власта во изминативе две години покажа целосна негрижа, некадарност и отсуство на одговорност кон македонските земјоделците. Потребна е голема метла која ќе го измете Зоран Заев и неговата влада, порача членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски
Нагалси дека додека Љупчо Николовски од министерството за земјоделство менува функции, а премиерот Зоран Заев шета по црвени теписи, над 4.300 хектари земјоделски површини во Овче Поле се два месеца се без наводнување. Иако сезона за наводнување вообичаено започнува околу 15-ти април, речиси на целото подрачје на територија на Подружница Овче Поле која го опфаќа регионот од Балван до Каратманово, не може да се испорача вода за наводнување, посочи Трипуновски.
„Наводнувањето на земјоделските посеви во Овче Поле е неопходно. Доколку нема наводнување земјоделските приноси значително ќе се намалат, а земјоделското производство ќе стане речиси неисплатливо. Љупчо Николовски и Зоран Заев мора да одговорат зошто земјоделците во светиниколско два месеци немаат вода за наводнување. Кој ќе ја покрие штетата од намалените приноси а земјоделците ќе претрпат огромни загуби?“, рече Трипуновски