
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците и одгледувачите на сливи од Делчевскиот регион.
На средбата се говореше за годишниот род и квалитет на сливите, како и за актуелните теми и проблеми со кои што се соочуваат.
„Министерството е партнер на одгледувачите на сливи. Се работи земјоделецот да не биде веќе социјална категорија, го враќаме достоинството на македонските земјоделци“, истакна Трипуновски.