Трипуновски на средба со Сојузот на здруженија на тутунопроизводителите: Лошите денови за скоро ќе бидат зад нас

Дополнителниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски преку статус на Фејсбук денеска информираше дека остварил средба со Сојуз на здруженија на тутунопроизводители.

-Денеска остварив средба со сојуз на здруженија на тутунопроизводители на барање на претседателот на сојузот Ванчо Коцев и членовите на сојузот.
Во изминативе неколку години сојузот на тутунопроизводителите трпи огромни притисоци од институциите насочени кон растурање на сојузот.
Тутунопроизводителите се цел на грабеж како од власта, така и од нивните инсталации и локални силеџии. Сите членови на сојузот уште еднаш го посочија криминалот на Кире Неделковски во висина од 18 милиони денари, пари на сојузот, за кој ЈО молчи и се уште нема разврска.
Тутунопроизводителуте ми посочија дека оваа година ќе има 30% помала количина тутун договорена со откупните компании, а тоа ќе биде сериозен проблем кога ќе дојде откупот од реколта 2020.
Дадов цврсто уверување на тутунопроизводителите дека лошите денови за скоро ќе бидат зад нас, ветив дека секој ќе си одговара за сторените криминали, а земјоделските политики во иднина ќе се изготуваат заедно со тутунопроизводителите. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и се грижи за македонските земјоделци, стои во постот на Трипуновски.