![Cvetan-Tripunovski-750x430](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/Cvetan-Tripunovski-750x430.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Додека домашниот тутун скапува неоткупен, во Македонија влегува тутун од странство за кој не се знае каде завршува. Според наши информации, минатата година увезени со 5 шлепери со тутун од страна на фирмата Студенац Шпед во сопственост на Димче Тројановски кој е бизнис партнер на градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. И двајцата важат за блиски луѓе до Љупчо Николовски, обвини Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Љупчо Николовски, како прв антикорупционер да одговори, дали фирмата Студенац Шпед има лиценца за работа со тутун како акцизна стока и дали е дозволен увоз на тутун од фирма која воопшто не смеела да увезе? Како е влезен тутунот на граничен премини, како се издадени документи од царинската управа за влез на 5 шлепери тутун увезени од фирма без лиценца? Ако се докаже дека фирмата нема дозвола за работа со тутун се поставува прашањето каде завршиле тие 5 шлепери со тутун и дали можеби се употребени за илегално производство на цигари – праша Трипуновски на прес конференција.
Тој побара Јавното обвинителство, Царинската управа и другите надлежни органи веднаш да реагираат и да отворат постапка, и да утврдат дали во Македoнија нелегално се прави увоз на тутун и кој се е вмешан во целата процедура.