Трипуновски: Одговорност мора да има за невршењето на контрола за храната која што ја конзумираат граѓаните

Членот на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски, во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, побара одговорност за несериозноста од страна на надлежниот институции за невршење на контрола на храната која што ја конзумираат граѓаните.

„Од  договорите склучени помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство со Факултетот за ветеринарна, дојдовме до заклучок дека минатата 2019 година имало еден вакум простор односно повеќе од 5 месеци каде што Агенцијата немала договор со Факултетот за ветеринарна медицина, а тоа значи дека во тој период не се вршела никаква контрола на храната во Република Македонија. Јас тоа го обелоденив на прес-конференција и побарав одговор и објаснување од страна на министерот, од страна на директорот  бидејќи безбедноста на граѓаните и храната која што ја конзумираат треба да биде контролирана, а не во таков период да не знаеме што влегло во државата и што се конзумирало“, вели Трипуновски.

Во однос на откупот на тутун на земјоделците, Трипуновски истакна дека тој постојано апелирал до инспекторатот дека проценката на тутунот е нереална и дека се прави манипулација со земјоделците, додавајќи дека во иднина ваквите неправди врз земјоделците ќе престанат бидејќи трудот и маката на земјоделците треба да биде вреднуван.

„Постојано апелирав дека има несериозен пристап на инспекторатот, дека проценката на тутунот не е реална, дека има манипулации, и тогаш бев обвинуван дека манипулирам со јавноста и дека тоа не е вистина. Но, еве на 29 февруари заврши откупот на тутунот, со констатација дека  сериозно нереална проценка на истиот и пред неколку дена добив порака да се упатам до две населени места в Радовиш се со цел да се уверам дека им останале над 100 тона неоткупен тутун затоа што проценката е нереална и дека е потценет трудот. Јас ветувам дека ваквите неправди нема да се случуваат во иднина бидејќи сметам дека трудот и маката на земјоделците треба да биде вреднуван“, нагласи Трипуновски.