Денеска сум на работна средба на барање на земјоделците во Општина Босилово, разговаравме за еден сериозен проблем кој што се случува во моментов, а тоа е дополнителни вонредни контроли кои што се прават на земјоделските површини, односно на сите оние земјоделци кои што биле ставени на таков список за контрола, инаку се работи за осум населени места во општина Босилово и се работи за сериозна бројка на земјоделци кои што, според мене, од првичното што ми го кажаа се непотребни контроли и се користи моментов за некаков политички притисок, односно манипулација,истакна Цветан Трипуновски, дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
– Јас на оваа средба денеска ги сослушав сите оние кои што беа присутни, за истава ситуација ќе разговарам уште утре, на првиот работен ден од неделата, со директорот на платежната агенција Бачовски за овие ситуации да престанат веднаш затоа што и во текот на вчерашниот ден дел од земјоделците од тетовско кои што ги посетив потенцираа за некои вакви контроли кои што се прават вонредно, односно не типично за овој период од годината.
Зошто сметам дека ова е еден вид на притисок, затоа што треба власта да знае дека во струмичкиот регион во текот на производната година имаме две до три култури кои што во текот на годината се менуваат и нелогично е сега да се бара да се прават контроли на терен за култура која што пред 7-8-9 месеци е веќе завршена како процес и на лице место не може да се детектира дали таа култура била согласно пријавеното и тоа требало платежната агенција со сите оние контроли кои што ги има како механизам да го направи во моментот кога се правело производството, а не вака задоцнето, што дава само едно дополнително оправдување дека целиот овој процес се користи во ова едно предизборие за одреден притисок врз оваа најранлива категорија на граѓани од општина Босилово. Исто така земјоделците потенцираа, како и во другите делови на Република Македонија, дека имаме сериозно задоцнување со исплатата на субвенциите, за проблемот со пласманот на земјоделските производи во овој регион веќе како по шаблон се случува секоја година, така да проблемите на ниво на оваа општина се многу слични или идентични како на другите делови на нашата држава.
Она што јас како, еве во моментов, технички министер и со ограничени можности, не можам сега во моментов да предложам мерки и проекти, дадов ветување дека како идна Влада ВМРО-ДПМНЕ преку програмата што е веќе во завршна фаза ќе понуди сериозни мерки и проекти кои што ќе значат враќање на земјоделството во Република Македонија за да не бидеме повеќе увозно зависни од храна.