Трипуновски: Полицијата на Спасовски врши жесток притисок врз земјоделците кои протестираат поради ниските откупни цени

ПРемеиерот Димитар Ковачевски и минситерсто за земјоделство Љупчо Николовски преку Министерството за внатрешни работи водено од нивниот сопартиец Оливер Спасовски вршат жесток притисок вез земјоделците, кои преку протести го изразуваат својот револт од неспособноста на владата да обезбеди пласман за нивните земјоделски производи, обвини во неделата Цветан Трипуновски претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ

Трупуновски притоа презентираше документ односно барање за поведување  прекршочна постапка против девет лица од Кочанско, сите членови на Иницијативниот одбор на оризарите, кои протестираа со блокади на патот Кочани – Штип, поради отсуството на откуп и нормални откупни цени на оризот.

„Власта ја злоупотребува полицијата и сака да ги заплаши оризарите да не излегуваат и да не го користат нивното со Устав загарантирано право на протест. Ова е поканата за разговор од јавен обвинител, за еден од организаторите од која јасно се гледа дека тој е повикан во својство на обвинет затоа што протестирал и го искажал својот револт поради ниските откупни цени на оризот“, рече Трипуновски.

Потсети дека сега владејачката СДСМ кога беше во опозиција ветуваше сигурен пласман и високи откупни цени, но и по пет години на власт, секоја година дел од родот завршува на буниште а сѐ помал е и бројот земјоделците, но и на површини под посеви и насади.

Трипуновски апелираше Владата предводена од Ковачевски и Николовски да не се изживува со земјоделците и веднаш да го запре прогонот против нив.

„Наместо преку нишан да гледа кон земјоделците, да се договори за производство за основните продукти, и истите преку Агенцијата за стокови резерви да ги откупи државата. Недозволиво е во глобално непредвидлива ситуација земја како Македонија, која има потенцијал да произведе основни продукти, суровини и преработки од храна, да гладува“, рече Трипуновски.