Трипуновски: СДС за 7 години не успеа да ја изгради втората фаза од хидросистемот Злетовица за наводнување на 3500 ха, им оставивме готов проект

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипиновски денес е во работна посета на Пробиштип каде што го посети хидросистемот Злетовица и оствари средба со повеќе земјоделци и сточари од овој регион.

-ВМРО-ДПМНЕ во минатото ја изгради првата фаза на овој хидросистем којшто практично значи вода за пиење на преку 100.000 жители во регионот, но Владата на СДС и ДУИ не успеа да ја изгради втората фаза иако ВМРО-ДПМНЕ им остави изработена проектна документација. Оваа втора фаза којашто не е изградена треба да обезбеди вода за наводнување за над 3500 ха земјоделска површина од овој регион, изјави Трипуновски.

Познато е дека голем дел од земјоделското земјиште се пренаменува за поставување на фотоволтаици, истиот пример го имаме и во регионот на Пробиштип каде што преку 300 ха се пренаменети за изградба на фотоволтаици, а не и за земјоделско производство.

-После 8-ми мај доаѓаат сериозни инвестиции во делот на водостопанството, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја реализира и втората и третата фаза од овој хидросистем, заврши Трипуновски.