Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека срамота е власта да лаже дека се исплатени субвенциите.
-Срамота е да лажете дека сте исплатиле субвенции, а имате неисплатени субвенции и за 2017, 2018 и 2019 година.
Не знам која ви е целта со овие празни пресконференции кога земјоделците не сакаат очи да ви видат затоа што ги излажавте.
Ветивте и сигурен откуп и високо откупни цени, 4 години родот завршува на буниште. Земјоделецот е без егзистенција.
Од таканаречената зелена нафта немаат ни за една бразда да повлечат, а вие потрошивте милиони за картички… Очигледно друга ви е целта.
Време е да се стави крај на ова лицемерие. Време е за промени, стои во неговиот пост на Фејсбук.