Трипуновски: СДСМ се обидува да врши масовен поткуп на земјоделци

ополнителниот заменик министер во МЗШВ, Цветан Трипуновски, на својата фејсбук страница сподели статус во кој напиша дека СДСМ делеле картички за зелена нафта што е спротивно од законот.

Денеска СДСМ се обидува да врши масовен поткуп на земјоделци. На ангро се делат картички за зелена нафта што е спротивно на член 8-а, став 1, алинеја 2 од Изборниот законик и член 43 од Законот за спречување корупција и судир на интереси. Власта прави кривично дело за кое ќе одговара.

Земјоделците не се мали деца кои ќе се излажат со лижавче. Ги повикувам земјоделците да не подлегнуваат на притисоците и поткупот без разлика од кого доаѓа, напиша тој.