Трипуновски: Ситуацијата со откупот и жетвата е иста во целата Македонија, откупна цена е мизерни 9 денари за килограм

-Денеска на барање на земјоделците од пелагониско сум во посета и средба со нив Новаци, разговаравме за актуелната состојба во земјоделството, поточно за жетвата на јачменот и пченицата која ќе започне за некој ден, објави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ситуацијата со откупот и жетвата е иста во целата Македонија, а тоа е дека има откупна цена од мизерни 9 денари за килограм, а уште поголем проблем е тоа што нема заинтересираност и нема откуп на јачменот.

Дека СДСМ и ДУИ не се грижат за земјоделците покажува фактот дека во 2016 од пелагонискиот регион, однонсо од Битола, Могила и Новаци, имало околу 5500 апликанти за субвенции, оваа година имаме околу 2000 апликанти за истиот регион, односно за 3500 апликанти помалку бијдеќи земјоделците го напуштаат полето и си заминуваат од Македонија.
Оваа прилика ја користам да упатам еден апел до Власта под итно да ја утврди откупната цена на јачменот и пченицата, рече тој.