Цветан Трипуновски од ВМРО-ПМНЕ денеска беше во општина Неготино на средба со лозарите од тиквешкиот регион.
„Темата на оваа посета е да поразговараме со лозарите за актуелната состојба, за производството на винско грозје од реколта 2023 година и да видиме со какви проблеми се соочуваат лозарите со оглед дека годинава беше проблематична и од климатски аспект. Од оваа средба сакам да упатам еден апел до МЗШВ и Владата да уште утре седне на заедничка маса со лозарите и винарските визби и да се разговара за откупната цена на винското грозје од оваа реколта затоа што искуствено гледаме дека знаат да го преспијат периодот и кога ќе дојде времето за берба и откуп тогаш да се растрчаат, но тогаш е веќе доцна“, рече тој.
Трипуновски упати апел до МЗШВ да обезбеди дополнителни средства и да направи промени на постоечките програми за да може да им помогне на оние лозари кои што претрпеа штети заради временските непогоди и заради тоа нема да го предадат својот род да можат да добијат финансиски надоместок од државата за да можат да го покријат вложеното во оваа реколта.
„Ние ќе продолжиме со овие средби и во наредниов период бидејќи ние секогаш сме биле, сме и ќе бидеме на страната на сите земјоделци во Република Македонија“, посочи тој.