Трипуновски: Субвенциите ги воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ, а денес СДСМ не успева ни да ги подели навреме

СДСМ е партијата која ветуваше живот во Македонија и достоинствен живот за земјоделците, но и денес продолжува со лицемерниот однос. Само за потсетување, субвенциите ги воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ, а истите денес СДСМ не успева ни да ги подели на време согласно календарот на субвенционирање, стои во Фејсбук објавата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Наместо вакви празни прес конференции, СДСМ да каже кога ќе го подели т.н. петти пакет за тутунарите, кога ќе ги исплати обештетувањата од природни непогоди од претходните години, кога и зошто не обезбеди сигурен пласман и високи откупни цени на земјоделските производи, да каже зошто јавните повици за млад земјоделец сѐ уште не се завршени??? Почитувани земјоделци, се гледа крајот на погубните политики на СДСМ, доаѓа ново време за сите граѓани на Република Македонија, пишува тој.

Фејсбук статус на Цветан Трипуновски