Трипуновски: Треба да извезуваме флаширано, а не наливно вино во цистерни

Околу извозот на вино, министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека мора да се стремиме да извезуваме готов производ, односно флаширано вино, а не наливно во цистерни, па потоа некој тоа добро да го „спакува“ и да го продава по неколкукратно повисока цена.

„Проблем е производството на винско грозје. Исто така треба да се стремиме да извезуваме флаширано вино, тоа да биде бренд по кој ќе бидеме претпознатливи, а не наливно во цистерни кое подоцна некој добро ќе го спакува и ќе го продава неколкукратно поскапо“, рече Трипуновски.