Состојбата со субвенциите за тутунот е загрижувачка и поради тоа ВМРО-ДПМНЕ реагира до Министерството за земјоделство и до Владата за итна исплата на субвенциите за тутун, рече во неделата на прес-конференција Цветан Трипуновски.
Посочи дека тутунопроизводството е стратешка култура од која егзистираат илјадници семејства.
„Илјадници семејства оваа година со месеци ги чекаат законските субвенции. За разлика од претходните години кога субвенциите ги добиваа во првите месеци од годината, оваа година тутунопроизводителите особено од Прилеп, Кривогаштани, Новаци и од другите општини во акедонија, субвенциите сѐ уште ги немаат добиено. И тоа е огромна и директна штета за илјадниците семејства“, истакнс Трипуновски.
Појасни дека тутунопроизводителите со парите од субвенциите набавуваат потребни репроматеријали за следната реколта, но и оти за жал годинава се принудени секој да се снаоѓа за набавка на репроматеријали, бидејќи исплатата на субвенциите доцни со месеци.
„Луѓето се задолжуваат во земјоделските аптеки на одложено плаќање што ја подигнува цената на репроматеријалите кои мора да ги набават, само поради тоа што субвенциите се уште ги немаат добиено. Тоа е не е фер кон оваа категорија на граѓани кои со мака ги стекнале тие субвенции“, појасни претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Рече дека дополнителен револт кај тутунопроизводителите создаде изјавата на министерот за земјоделие, Љупчо Николовски, кој минатата седмица изјави дека субвенциите за тутун се исплатени.
„Тутунопроизводителите со денови чекаа пред банките но субвенциите не им се исплатени. Според нашите информации, на повеќе од половина тутунопроизводители сѐ уште не им се исплатени субвенциите. И токму затоа го прашуваме министерот за земјоделие: Зошто се направи илјадници граѓани да чекаат пред банките за да видат дека субвенции нема?“, рече Трипуновски.
Апелираше да не се „поигрува и да не се лажат„ тутунопроизводителите, будејќи е срамно некој да се поигрува со илјадници тутунопроизводители, кои на темепратури од 40 степени чекаат со часови пред банките за да сфатат дека се изиграни.
„Нашите сограѓани тоа не го заслужуваат и никој нема право да си поигрува со тутунопроизводителите и нивната егзистенција. Затоа бараме од министеротза земјоделство и Владата: Веднаш во понеделник да ги пуштат субвенциите на тутунарите. Бараме на секој тутунопроизводител до денар да му бидат исплатени субвенциите и да се оконча оваа голгота која за тутунопроизводителите трае со месеци и бараме да се престане со било какви изговори и манипулации. Тутунопроизводителите имаат законско стекнато право за субвенциите и истите мора да ги добијат веднаш“, побаа Трипуновски.