-3.2 C
Skopje
недела, декември 29, 2024

Трипуновски: Власта доцни со преземањето на мерки за спречување на ширењето на свинска чума, се заканува уништување на свињарството

Африканската свинска чума зема замав во државата, а власта допрва донела заклучок да се формира координативно тело за справување со последиците. Каква неспособност!!!, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук Цветан Трипуновски од ВМРО-дпмне.

Додека медиумите пренесуваат дека африканската свинска чума се шири, власта, ресорното министерство и АХВ да реагираат навремено се со цел превентивни мерки допрва ќе се координираат и ќе потрошат дополнително време.

Чиста глупост!!!!

Бидејќи очигледно е дека не знаат како да се справат со настанатата ситуација, им понудив помош, но не ја прифатија. Па еве ќе им порачам нема потреба од страв, вие само прифатете ја понудената рака ние од ВМРО-ДПМНЕ нема збор да кажеме дека сте неспособни и неодговорни.

Мораме да ги заштитиме нашите големи и средни свињарски капацитети и да ги намалиме загубите за кои нагласуваме дека сигурно следат и долгорочно ќе ја изместат патеката на развојот на свињарскиот сектор во Република Македонија.

Директорот Бабовски сериозно ја третираат заканата кон свињарскиот сектор и дали требаше институцијата да се прозива јавно за денес тој да се појави на работа?

Предупредувам дека оваа болест исклучително сериозна болест и бара системски приод и имплементирање на сет мерки за да се ублажат последиците од неа.

Стотици илјади евра се потрошија во несериозни мерки како што се клиничките прегледи на одгледувалиштата на свињи извршени од страна на надлежните ветеринарни друштва кои не дадоа никаков резултат освен непотребно трошење на буџетски средства.

Само за потсетување: кога болеста стана регионален проблем во 2018 година силно укажавме дека не е прашање дали ќе ни се случи болестa туку е прашање кога ќе ни случи и со колкави последици ќе излеземе од истата.

Имено, апелирам на посоодветен пристап од надлежните, загрозен е свињарскиот сектор, овде мора да се реагира најбрзо што може, пишува Трипуновски восвојата објава.