Трипуновски: ВМРО-ДПМНЕ будно ја следи ситуацијата со акумулацијата Калиманци и за оваа катастрофа некој после 12 април ќе понесе одговорност

Дополнителниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски на својот Фејсбук профил сподели видео од акумулацијата Калиманци.

-Ова позади мене е акумулацијата Калиманци и од она што можам да го видам на лице место дека имаме една алармантна ситуација односно акумулацијата има 30 милиони метри кубни вода иако знаеме дека вкупниот капацитет е 120 милиони метри кубни.

За 8-те општини Виница, Кочани, Зрновце, Чешиново – Облешево, Штип, Карабини, Свети Николе и Лозово годишните потреби за наводнување на земјоделските површини се околу 100 милиони метри кубни вода и со една ваква ситуација се доведува под знак прашалник новата 2020 реколта на производство на ориз и едноставно земјоделците ќе не можат да ја одгледаат оваа култура.

Инаку, оваа ситуација е резултат на несериозниот и недомаќински однос на акционерското друштво АД Водостопанство и нормално на целокупната влада на Зоран Заев затоа што минатата 2019 година имавме нерационално трошење на водата.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ будно ја следиме ова ситуација и за оваа катастрофа која што се случува некој после 12 април ќе понесе одговорност, стои во неговиот пост на Фејсбук.