2.8 C
Skopje
понеделник, декември 23, 2024

Трипуновски: Во ек на зима, кога дрвокрадството е засилено Заев ги оставил возилата на Шумска полиција нерегистрирани

Дваест дена Шумската полиција не излегла на терен. Дваесет дена возилата на Шумска полиција седат паркирани во гаражи, затоа што не се регистрирани, реагира Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во ек на зима, кога дрвокрадството е засилено Заев, кој вели дека сме држава која има пари, ги оставил возилата на Шумска полиција нерегистрирани.

Дали можеби намерно не се регистрираат возилата, за намерно Шумската полиција да не може да излегува во контрола во високите планински подрачја, како некој непречено ќе може да ги соголува падините на македонските планини?!

Чии џебови сега се полнат?!

Активисти за чист воздух, ве повикувам и вас, се случува геноцид на шумскиот фонд“, истакна тој!