![132822856 Терористите планирале напади во Брисел за Велигден](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/03/132822856.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Трите лица уапсени во Турција, за кои се верува дека се припадници на т.н. Исламска држава, планирале напади врз германски дипломатски мисии и училишта во таа земја, кои минатата недела биле затворени поради терористички закани.
Тројцата мажи, Турчин, Ирачанец и Сириец се уапсени вчера под сомнение дека планирале нови напади во Истанбул, а полицијата постапила врз основа на информации на турските и германските разузнавачки служби
Осомничените планирале напади врз германските интереси во Турција.
Германија минатата недела ја затвори Амбасадата во Анкара, Конзулатот во Истанбул и германските училишта во двата града, а германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер наведе дека постојат „мошне сериозни индикации“ за планирани напади.