Трите ученички од основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, на возраст од 13, 14 и 15 години, кои пред една недела брутално претепаа нивна соученичка во дворот на училиштето, ќе одговараат за делото.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе Известување до Основното јавно обвинителство против нив, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, казниво по член 386 став 2 од КЗ на РМ.
Малолетничките кривичното дело го сториле во два наврати на 11.04.2018 година при што физички нападнале 14 годишна ученичка од истото училиште и нанеле телесни повреди.
Во врска со истиот настан поднесена е и кривична пријава против Р.А.(31) од Неготино поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353 в став 1 од КЗ на РМ.
Имено пријавениот на 11.04.2018 година, на работното место обезбедување на училиштето од агенција за обезбедување „SOS“, не ги извршувал дејствијата за кои бил должен да ги извршува.