Текстилната компанија „Тритекс“ која е позната по долната облека што е изработена исклучиво од памук одлучи да гради нов производствен погон кој ќе се простира на површина од 4000м2 и во кој ќе бидат сместени новите производствени линии. Инвестицијата во вредност од еден милион евра ќе овозможи вработување на уште 300 нови лица.
„Тритекс“ како компанија е успешна фамилијарна деловна приказна која трае 20 години. Текстилните производи на „Тритекс“ се синоним за квалитен македонски бренд што е присутен на пазарите во регионот и во Европа.
Воедно ваквото проширување на прозводниот процес е потврда за поволната бизнис клима што веќе извесен период постои во нашата општина.