Триумфи за Шкендија и за Вардар

Главните претенденти за титулата во македонското фудбаслко првенство Вардар и Шкендија забележаа победи во 14-то коло, а актуелниот првак убедливо го совлада Скопје со 3:0, додека моменталчно водечкиот тим на табелата со пресврт дојде до трите бода против Работнички од 2:1.

На Националната Арена во Скопје, Вардар се мачеше речиси цели 45 минути за да ја затресе мрежата на тимот од Автокоманда. Сепак во самиот финиш пред паузата откако Бразилецот Фелипе со одличен удар од 25 метри донесе почетно водствто . Доминацијата на Вардарци продолжи и во вториот дел. Русинот Макесимов во 68 минута ја дуплираше предноста за „врвено-црните“ откако Стојчевски убаво го проигра, а овој без проблеми го постигна својот деби погодок. На четири минути до крајот Џугаури ги постави конечните 3:0 за седма победа на Вардар и крај на низата од три порази во домашниот шампионат.

На мечот во Тетово, иако гостинот прв поведе, на крајот загуби. Џефри Чарлс во 34 минута го отвори резултатот за водство на Работнички. Сепак, радоста кратко траеше бидејќи во 40 Маријан Радески изедначи за Шкендија откако Ферхан Хасани од слободен удар ја погоди гредата, а во продолжение Емини го погоди дирекот. Токму капитенот Хасани ја донесе 11-та сезонска победа на тетовци од пенал во 82 минута. Работнички, пак, го претпе петтиот пораз.

На останатите натпревари предноста на домашниот терен ја искористи и Пелистер кој со 2-1 славеше против Ренова. Потоа, Силекс благодарение на автоголот на Бесарт Кривањева минимално славеше кај Шкупи и Победа со голот на Мирослав Станиќ триумфираше во Стриумица против Академија Пандев.

На табелата Шкендија останува лидер со 34 бода, пред Вардар со 23 и два натпревара помалку. Сега Силекс е третопласиран со 22, пред Академија Пандев со 21 бод  но и меч помалку. Петта е Ренова со 17, а Работнички со 16 бодови и натпревар помалку го предводи вториот дел на табелата. Пелистер, Победа и Шкупи имаат по 15 и Скопје на дното со 9 бодови.