Тркач морал во тоалет па украл автомобил

Кусото одење во тоалет ќе има сериозни последици за 18-годишен тркач од германскиот град Над Нојштад, објави во саботата тамошната полиција.

Кога трчајќи во петокот го почувствувал ненаделниот повик на природата, тинејџерот одлучил на најбрз можен начин да дојде до тоалетот, со отклучен автомобил и мотор во погон кој сопственикот го оставил пред самиот дом.

Сопственикот го оставил возилото да се загрее на ниските температури кои оваа зима ја погодија Германија. Сфаќајќи дека му го нема автомобилот, 34-годишникот повикал полиција.

Набрзо полицајците го откриле виновникот за кражбата, и тоа пред истата куќа од којашто автомобилот исчезнал. Според полицијата, момчето објаснило дека само „го позајмило“ автомобилот за да се одвезе до неговиот дом оддалечен километар и половина.

Сепак, извинувањето нема да го псаси од обвинувањето за кражба на автѕомобил и за воење без воачка дозвола.