Тројца битолчани уапсени поради кражби

Во петокот битолската полицијата во два одделни случаи привела три лица осомночени за кражби на територијата на градот Битола, извессти во саботата Минситерството за внатрешни работи.

Имено, во 17,30 часот полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода 33-годишниот М.Р. и 35-годишниот Ј.И., двајцата од Битола. Тие се сомничат дека извршиле тешка кражба во хотел во Битола, при што одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети.

Исто така, во петокот подоцна околу 19,30 часот слобода бил лишен и 23-годишниот битолчанец Б.В. Тој се сомничи дека истиот ден околу 14 часот со употреба на сила влегол во куќа на улицата „Караорман“ во Битола, при што одзел повеќе предмети.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.