![avganistan talibani](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/avganistan-talibani.jpg?resize=696%2C441&ssl=1)
Tројца Британци се однесени во талибански затвор во Авганистан, а меѓу нив е и таканаречениот вљубеник во „опасниот туризам“ Мајлс Роутлиџ, пренесе Sky News.
Вториот затвореник е Кевин Корнвел, вработен во хуманитарна организација, а третиот е неидентификуван британски државјанин кој управува со хотел во авганистанската престолнина Кабул.
„Правиме големи напори за да обезбедиме конзуларен контакт со притворените британски државјани во Авганистан и им даваме поддршка на нивните семејства; изјавил одговорниот за контакти со медиумите од британското Министерство за надворешни работи.
Сепак, Британската канцеларија за надворешни работи, Комонвелтот и развој не ги потврди за Reuters поединостите за споменатите британски државјани.
Роутлиџ стана познат но и оспоруван, бидејќи неговиот предизвик е да патува во земји кои се сметаат за опасни од каде известува и објавува на социјалните мрежи.
На Twitter Рутлиџ наведува дека оди „на најопасните места на Земјата за забава“, а на листата се Авганистан, Јужен Судан и Украина, пишува Independent online.